За да го ограничиме глобалното затоплување на помалку од 1,5°C, можеме да согоруваме само одредена количина јаглерод диоксид, но само емисијата на гасови на милионерите ќе исцрпи 72% од тој дозволен буџет за емисија на гасови до 2050 година, се вели во студијата објавена во списанието Cleaner Production Letters.
„Ако продолжи да расте емисијата на гасови, се помалку е веројатна транзицијата со пониска содржина на јаглерод затоа што забрзаната потрошувачка на енергија од најбогатите веројатно е над капацитетите на системот да се декарбонизира“ предупредуваат научниците во студијата.
Истражувањето се совпаѓа со најновиот извештајт на Меѓународниот панел за климатски промени (IPCC), кој предупредува дека иднината за живот бара итно намалување на емисијата на гасови. Глобалните сиромашни се непропорционално погодени од последиците на глобалното затоплување, предупредува коавторот на извештајот, Адити Мукерџи. Тој додава дека климатската правда е клучна затоа што оние кои најмалку придонеле за климатските промени се најмногу погодени од нив.
Според проектот GLOBAL Carbon, имаме уште 380 милијарди тони CO2 во светскиот буџер за јаглерод. Ова е количина на јаглерод-диоксид која може да се ослободи, а експертите велат дека уште има 50% шанси да се избегне загревање на планетата поголемо од 1,5 степени. Глобалната емисија на стакленички гасови во 2022 година достигна 58 милијарди тони, што нзначи дека целиот буџет би бил потрошен за само 10 години.
За да се прилагодат на инфлацијата, авторите на извештајот го поместиле прагот на она што претставуваат милионерите на луѓе кои ќе имаат над 2,24 милиони евра до 2050 година. Користејќи ја стапката на раст на богатството од 1990 до 2020 година, тие предвидуваат дека до 2050 година ќе има 318,2 милиони луѓе со повеќе пари од таа сума или отприлика 3,3% од светската популација. Моментално милиониерите сочинуваат 0,7% од популацијата на Земјата.
Милионерите емитуваат значително повеќе јаглерод од останатите луѓе. До 2050 година тие ќе испуштаат околу 45 тони СО2 годишно, што кумулативно ќе изнесува 14,3 гигатони CO2. За 30 години таа вкупна емисија ќе биде околу 286 гигатон. Тоа се 72% од преостанатиот буџет за климата. Во комбинација со другите извори на емисија на гасови, тоа значи дека целиот буџет за јаглерод ќе биде потрошен до 2031 година.
(N1)
(фото: Flickr)