Во Хрватска по првпат е уништен тумор со помош на вештачка интелигенција и роботска рака

- Advertisement -

Споменатиот систем со роботска рака го користат одделенијата за онкологија ширум светот веќе три години, а од неодамна и поголемите онколошки центри во Европа

Во Клиничкиот институт за дијагностичка и интервентна радиологија на КБЦ, по првпат во Хрватска, успешно се изведени процедури за перкутана аблација и туморска биопсија на пациенти на онколошкото одделение со употреба на најнова технологија и роботска рака, соопштија од болницата, пренесува Индекс.хр.

- Advertisement -

„Вештачката интелигенција со помош на роботската рака ‘Микромејт’ поставена на КТ-уредот овозможува сондата за термичко уништување на туморите да биде прецизно позиционирана во телото по првичното снимање. Ова е значајна помош за прецизна навигација дури и до најтешко дофатливите или тешко видливите мали тумори со значително помала количина на зрачење за пациентот“, соопштија од КБЦ.

Сето горенаведено во исто време ја забрзува самата процедура. Споменатиот систем со роботска рака го користат одделенијата за онкологија ширум светот веќе три години, а од неодамна и поголемите онколошки центри во Европа.

- Advertisement -

Признаен како центар на извонредност со минимално инвазивен третман за пациентите со онколошки проблеми во овој дел од Европа, на Одделот за интервентна радиологија на КБЦ „Сестри милосрднички“ оваа технологија беше обезбедена со цел да се тестираат сите можности и предности на овој систем, кој во иднина се планира да го користат најголемиот дел од пациентите со онколошки проблеми, се додава во соопштението на КБЦ.

Извор: 360stepeni.mk

Сподели!
- Advertisement -