Земјите-членки на ЕУ денес постигнаа согласност дека забраната за моторни возила со внатрешно согорување ќе стапи на сила од 2035 година натаму, откако со Германија беше постигнат договор од забраната да се исклучат моторите кои ќе користат синтетички е-горива.
Договорот беше постигнат на ниво на заменици на постојани претставници на државите-членки, а утре треба да го потврдат миистрите за енергетика на својот редовен состанок, соопшти шведското претседателство.
На почетокот на овој месец Германија го блокираше веќе усогласениот закон за забрана на продажба на нови возила со внатрешно согорување после 2035 година. Законот веќе е изгласан во Европскиот парламент и преостана уте формалната одлука во Собранието, но Германија го блокираше сето тоа во последен момент, што е крајно необично затоа што во таа фаза на одлучување на Собранието најчесто е само формалност.
Европската комисија во саботата постигна договор со Германија според кој постоечкиот текст на законот за забрана на продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување ќе остане непроменет, а Комисијата ќе донесе уредба со која ќе се воведе нова категоризација за возилата кои користата карбонски неутрални горива.
Синтетичките или е-горивата се прават од чист водород и јаглерод диоксис, кои се земаат од атмосферата. Тие горива може да се користат и во денешните мотори со внатрешно согорување. Со нивното согорување се ослободува јаглерод диоксид кој веќе е земен од атмосферата и не се придонесува за поголемо загадување, па затоа се сметаат за карбонски неутрални горива.
Германија на своја страна успеа да придобие уште неколку земји како Италија, Полска и Бугарија и на тој начин ја блокираше одлуката на Собранието.
(Dnevnik.hr)
(фото: Pxhere)