Саемот за мебел, како најочекувана манифестација од страна на посетителите се отвора утре, 29. март и ќе трае до 2. април. Саемот ќе се одржи во Комплекс “Борис Трајковски” во монтажни објекти и внатрешниот простор, со работно време од 10.00 до 20.00 часот. Влезницата чини 120 денари, а групна/семејна влезница ќе чини 100 денари по посетител. Онлајн картите за Саемот за мебел се веќе во продажба преку платформите на www.mktickets.mk и www.karti.com.mk
Посетителите ќе имаат можност да ја видат богатата понуда на преку 40 директни изложувачи со повеќе од 80 претставени брендови со атрактивни саемски акции и попусти.
Саемот на мебел овозможува на едно место да се види разновидна понуда на мебел за дневни, спални, детски соби, трпезарии, кујни, бањи и секако дополнителни декоративни понуди за домот. Туристичката агенција “Војажер” организира групни посети на Саемот од сите градови од Македонија и регионот.
Партнер на Саемот на мебел е Комерцијална банка АД Скопје.