Хрватски доктори отстранија тумор со помош на роботи

- Advertisement -

Радиологот Лука Новосел од Загреб и неговиот тим со помош на роботска рака која точно ја прецизира иглата за оперирање успешно отстранија тумор. Меѓутоа, роботот не може да оперира сам. Тоа уште не е технологија која може целосно да ги замени докторите и тие само да управуваат со нив на далечина, но може во одредени ситуации, особено кај сложени тумори, да осигура максимална прецизност.

Болницата KBC Сестре Милосрднице е избрана од центрите за одличност во Европа која имала за цел да го испроба овој експеримент. Планот е во иднина да се користи кај најголем дел од онколките пациенти.

- Advertisement -

Во текот на последната година во оваа болница повеќе пати ги поместиле границите во лекувањето карцином. Во октомври минатата година била изведена метода која предизвикува природно исумирање на туморите. Во мај минатата година успешно замрзнале тумори без да се оштети околното здраво ткиво. Звонко Перилариќ од Сплит бил првиот пациент на кој била направена таа метода откако му бил дијагностициран рак на бубрези. Туморот му бил замрзнуван двапати.

Приказната за него траела десет години. Најпрвин му бил дијагностициран рак на простата, кој се проширил на бубрезите. Откако му бил изваден едниот бубрег, откриен му е тумор и на другиот бубрег. Револуционерната опреација му го спасила животот, вели тој.

- Advertisement -

„Немав никакви тегоби, никакви проблеми. Живеам сосема нормално како и сите луѓе, како секој нормален човек што не боледува од такви страшни болести“ вели тој.

Освен спасување на животи, ваквите зафати можат долгорочно да значат и заштеда. Ниските ризици за компликации, краткиот период на закрепнување, потенцијалното враќање на работа може да доведат до растоварување на здравствениот систем.

- Advertisement -

(Zimo)

Сподели!
- Advertisement -