Богатите трошат толку многу вода што тоа го става целиот свет во опасност од недостиг

- Advertisement -

Нова студија на шведски научници го откри проблемот со потрошувачката на вода на богатите слоеви од општеството, за што малку се знае, а уште помалку се зборува.

Побарувачката за вода расте со алармантна брзина ширум светот, особено во урбаните средини, велат научниците и тврдат дека непропорционалната количина вода која ја трошат најбогатите во општеството мора да се намали за да се осигура дека во иднина ќе има вода за сите.

- Advertisement -

Според извештајот на ОН, 2,4 милијарди луѓе во светот кои живеат во градови може да се соочат со недостиг на вода до 2050 година, што е огромен пораст во споредба со 933 милиони луѓе во 2016 година. Повеќе фактори се виновни за тој пораст, меѓу кои климатските промени и растот на бројот на урбаното население.

Во некои земји веќе се појавува сериозен недостиг на вода. Во Кејптаун во Јужноафриканската Република сушата од 2015 и 2018 година додведе до тоа нивото на резервоарите со вода во градот да се намали на само 12,3% од вообичаените нивоа.

- Advertisement -

Меѓутоа, на побарувачката за вода влијае и непропорционалното користење од раслични сегменти во општеството, велат од Универзитетот Упсала во Шведска. За да дознаат повеќе на таа тема тие научниците од тој универзитет моделирале користење на вода во различни социоекономски групи во Кејптаун пред и после сушата. Нивното истражување е објавено во списанието Nature Sustainability.

Тие групи се базирани на пописот од 2020 гоина, кој 1,4% од населението става во елитата, 12,3% во средна класа, 24,8% во ниска средна класа, 40,5% во ниска класа и 21% во неформално население. Потоа го моделирале користењето на водата за петте групи според информациите кои ги собрале за просечната потрошувачка во домаќинствата пред и после сушата.

- Advertisement -

Пред сушата луѓето во елитните и високата средна класа трошеле 51% од потрошената вода во Кејптаун, а сочинувале 13,7% од населението. Според авторите на студијата, постојат неколку причини зошто најбогатите во Кејптаун трошат толку многу вода. Најголем дел од нив имаат базени, имаат и пркрасни градини кои редовно се наводнуваат итн. Слично е веројатно и во другите градови со високи нивоа на енееднаквост во потрошувачката на вода како што се Барселона, Сао Пауло и Ченај.

За време на сушата во Кејптаун се намалила потрошувачката на вода, но тие со најмали примања веројатно имале проблем со одржувањето на основната хигиена и готвење. Поверојатно е дека богатите имале пристап до приватни извори на вода, како бунари. Претераното користење на тие бунари може да ги исцрпи локалните водени линии, односно подземните слоеви на водоносни карпи кои ја пренесуваат водата до изворите. Тоа би можело да ги влоши идните суши.

Истражувањето покажало и дека ако климатските промени ја зголемат просечната температура во Кејптаун за 2 степени Целзиусови, тоа може да доведе до уште поголемо користење на приватните бунари од страна на најбогатите.

(New Scientist)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -