Voque го претстави првиот модел со вештачка интелигенција во светот

- Advertisement -

Жената која ја краси насловната страница на Вог Сингапур всушност не постои. Таа е проект за вештачка интелигенција и првиот модел со вештачка интелигенција во светот. Модниот магазин беше првиот што направи таков чекор со тоа што на насловната страница на своето мартовско издание стави вештачка интелигенција.

Во кампањата наречена „Корени“, Вог истражува како ќе изгледаат традиционалните амблеми во иднина, а одговорите ги пронашле користејќи вештачка интелигенција во соработка со креативниот директор Варун Гупта.

- Advertisement -

На корицата всушност се претставени три модели кои ја претставуваат културната различност, именувани Aadhya, Faye и Melur. Првите модели со вештачка интелигенција се всушност компјутерски генерирани аватари со етнографски карактеристики, а со овој потег Vogue прв го прифати предизвикот на новата ера во која вештачката интелигенција зазема сѐ поважно место.

„Придружете ни се во моментот кога модата се среќава со револуцијата на вештачката интелигенција. Добредојдовте во Алтиверзумот“, стои во описот на објавата на официјалниот профил на Инстаграм.

- Advertisement -

Извор – Канал 5

Сподели!
- Advertisement -