Поради глобалното затоплување се менува начинот на кој растат дрвјата

- Advertisement -

Истражувачи кои го проучуваат растот на дрвјата во северозападниот дел на Охајо велат дека цел еден век на глобално затоплување ја продолжил сезомата на раст на дрвјата во просек за еден месец, пишува BBC. Научниците од Универзитетот Охајо ги споредиле своите истражувања со деталните забелешки на локален земјоделец кои датираат уште од 19 век.

Велат дека истражувањето укажува на тоа во колкава мера различни видови дрвја успешно се справуваат со идните климатски промени. Во периодот од 1883 до 1912 година земјоделецот Томас Мајксел во својот роден град Восеон во Охајо водел педантни забелешки за локалните дрвја, за сечите и за температурата.

- Advertisement -

Од Индустриската револуција, која почнала пред околу 200 години, нашата планета се загреала за 1,1 степени Целзиусови. Со оглед на тоа дека најголем дел од промените се лучиле во последните неколку децении, истражувачите велат дека забелешките на Мајксел се речиси единствените податоци за настаните пред глобалното затоплување и може да се споредат со модерното време во кое живееме.

Главната авторка на студијата, професорката Келен Калингер-Јоак, патувала во Восеон пролетта и есента од 2010 до 2014 година и го следела растот и развојот на седум различни видови дрвја. Таа заклучила дека лисјата на гранките на стеблата успеале да се одржат 15% подолго отколку во времето на Мајксел.

- Advertisement -

Продолжувањето на вегетацискиот период за цел еден месец е многу големо кога зборуваме за прилично краток период во кој се видливи тие промени. Разните видови дрвја реагирале различно на поголемите промени на температурите – најголем дел од нив ја задржале зелената боја до длабоката есен, а некои стебла попуштиле порано.

Дрвјата се клулни за апсорпција на јаглерод диоксидот од воздухот, кој ја загрева нашата планета, а истражувачите велат дека продолжениот вегетациски период, односно периодот на раст на дрвјата веројатно значи дека ќе апсорбираат повеќе јаглерод отколку вообичаено. Истовремено, предупредуваат дека оваа промена може да ги оптењрети стеблата на досега непознат начин.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -