Растечката гејминг индустрија во Србија вработува околу 2.300 професионалци и придонесува во буџетот со околу 125 милиони евра годишно, а ја карактеризира голем процент на жени од околу 30%. Тоа ја става Србија на прво место во Европа, велат од Playstudios Europe и од Асоцијацијата на индустријата за видеоигри на Србија. Додаваат дека европскиот просек на жени во гејминг индустријата е 22%.
Од Асоцијацијата велат дека домашните игри се преземени или купени над 370 милиони пати, а жанровски во домашното производство вoдат RPG игрите со 19%.
Наведуваат и дека индустријата за мобилни игри дополнително расте со се поголемата популарност на т.н. кежуал игри (18%), а се наменети да бидат забавни, едноставни и лесни за инсталирање.
Генералниот директор на Playstudios Europe, Никола Митиќ, вели дека улогата на гејминг индустријата не е само забава.
„Со ваквата продукција на долг рок се стимулираат и други слични гранки како што се сајбер безбедноста, блокчеин, вештачката интелигенција, клауд и е-трговијата, па оваа соработка им отвора простор на жените и за други сродни индустрии“ вели Митиќ.
(SEEBiz)
(фото: Pxhere)