Илон Маск бара да се направи 6 месеци пауза во развојот на вештачка интелигенција

- Advertisement -

Илон Маск и група експерти за вештачка интелигенција повикуваат на шестмесечна пауза во развојот на системи помоќни од неодамна стартуваниот GPT-4. Тие предупредуваат на можни ризици по општеството и по човештвото.

Компанијата OpenAI неодамна во соработка со Microsoft ја објави четвртата верзија на програмата GPT (Generative Pre-trained Transformer), која ги освои корисниците поради широките можности за употреба – од компонирање песни до сумирање на долги текстови.

- Advertisement -

Отвореното писмо кое го објави непрофитниот институт „Иднина на животот“, а го потпишаа над 1.000 луѓе, вклучувајќи го и Илон Маск, повикува на пауза во развојот на напредните вештачки интелигенции се додека независни експерти не донесат безбедносни протоколи.

„Моќните системи на AI би требало да се развиваат дури кога ќе бидеме сигурни дека нивните ефекти може да бидат корисни и дека ќе може да се управува со ризиците“ се вели во писмото.

- Advertisement -

Авторите укажуваат на ризиците од аспект на економсии и политички пореметувања и ги повикуваат програмерите да соработуваат со властите и со регулаторните тела.

Нивната грижа е во насока на предупредувањето од Европол, кој во понеделникот укажа на бројните етички и легални проблеми кои ги донесе ChatGPT, а се однесуваат на можната злоупотреба за сајбер напади, ширење дезинформации и сајбер криминал.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -