Eвтината дневна струја се враќа во јули?!

- Advertisement -

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска најави можно враќање на евтината дневна тарифа на струјата од 1 јули. Тој рече дека се разговара со Регулаторната комисија за енергетика за ова прашање, поаѓајќи од фактот дека државата ќе има вишок на електрична енергија што ќе ја произведе од мај до октомври годинава.

„Заедно со Регулаторната комисија за енергетика работиме во насока да се врати евтината дневна тарифа за електрична енергија од 1 јули годинава, имајќи го предвид зголеменото производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија каде пиковите главно се преку ден“, изјави министерот Бектеши.

- Advertisement -

Инаку, евтината дневна тарифа за граѓаните беше укината на 1 јануари 2022 година, кога имаше и поголемо зголемување на цената на електричната енергија за 9,48 отсто. Пред нејзиното укинување, граѓаните можеа да користат евтина струја секој ден во периодот помеѓу 14 и 16 часот. Во моментов, евтина струја за граѓаните има само во текот на ноќта – од 22 до 7 часот секој ден, како и цел ден во недела.

Сподели!
- Advertisement -