Limak Skopje Luxury Hotel подготвува ново гастрономско изненадување за сите трагачи по нови и автентични вкусови. На 7 и 8 април 2023 година во Limak Skopje Luxury Hotel, ќе се одржи настанот „Аргентинска вечер“ каде посетителите ќе можат да уживаат во традиционалната аргентинска храна, приготвена по автентични рецептури, кои потекнуваат од аргентинската кулинарска традиција.
Посетителите ќе можат да ги вкусат автентичните аргентински специјалитети од менито „Буенос Аирес“, подготвени од искусниот главен готвач на хотелот и од неговиот тим. Ова мени е базирано на специјалитети од телешко месо, што е карактеристично за аргентинската кујна. Имено, Аргентина е најголем потрошувач на црвено месо во светот како резултат на неговата големата застапеност во исхраната на Аргентинците. Аргентинската магија преточена во автентични вкусни рецепти ќе биде збогатена со врвните вина на најголемата македонска винарница „Тиквеш“.
Аргентинскиот дух ќе биде дополнително зачинет со енергичното аргентинско танго, кое ќе го изведат дел од танчерите учесници на меѓународниот маратон во танго, кој ќе се одржува во Limak Skopje Luxury Hotel.
Аргентина или сребрената земја има автентична кујна чија основа потекнува од шпанската и италијанската кујна. Во неа, во голема мера се застапени телешкото месо и тестенините. Аргентинците се познати и по производство и консумација на вино и се петти најголем производител на вино во светот.
„Аргентинската вечер“ ќе се одржува на 7 и 8 април 2023 година со почеток од 19:30 часот, а сите заинтересирани можат да добијат повеќе информации во Limak Skopje Luxury Hotel.