На 4 мај годинава студенти од Универзитетот Карнеги Мелон во САД ќе лансираат минијатурен, лесен ровер наречен Iris, како и MoonArk, „колаборативен скултпурен проект” предводен од факултети, студенти и алумни, на површината на Месечината. Тие ќе го направат тоа пред НАСА да го испрати својот прв ровер на Месечината.
Иако вселенската агенција испрати пет роботски ровери на Марс, долго време нема испратено ровер на Месечината. Сепак, НАСА почна со работа на својот лунарен ровер VIPER и се подготвува за датумот 10 ноември 2024 година, кога нивниот ровер ќе стапне на Месечината.
Моментално кинескиот робот Yutu-2 се шета по најоддалечената страна на Месечината и ги документира карпите. Грција, Јапонија и Обединетите Арапски Емирати работат на сопствени програми за лунарни ровери, преесува Bloomberg reported.
Околу 300 американски студенти работеле на Iris, минијатурниот ровер кој ќе биде испратен на лунарниот лендер Peregrine со ракетата Vulcan Centaur на United Launch Alliance.
„Со години работиме на оваа мисија и да се има дефинитивен датум на календарот е многу возбудливо. Iris ќе го отвори патот за истражување на Месечината и вселената и ќе докаже дека минијатурен робот направен од студенти може да се качи на Месечината“ вели Раевин Дувал, командир на мисијата Iris mission, said in a statement.
Ракетата која ќе го носи малиот ровер ќе биде лансирана од центарот Кејп Канаверал во Флорида. Кога ќе стигне на Месечината, Iris ќе реализира 60-часовна мисија составена од фотографирање и испраќање на фотографиите на Земјата. Според соопштението, Iris ќе биде првиот американски лунарен ровер, првиот лунарен ровер направен од студенти, најмалиот и најлесен ровер и првиот кој има и шасија и ркала од карбонски влакна.
(Interesting Engineering)
(фото: Pixabay)