Израелски истражувачи создадоа робот голем колку човечка клетка

- Advertisement -

Истражувачи од Израел создадоа хибриден микроробот широк само 10 микрони, што е еднакво на големината на една човечка клетка. Роботот бил инспириран од биолошките пливачи како што се бактериите и спермата и лесно може да се движи низ телото.

“Инспирацијата за робот кој може да се движи автономно ја добивме од биолошките микропливачи како бактериите и спермата. Ова е иновативна област за истражување која брзо се развива и има различни примени на повеќе полиња како медицината и животната средина, како и како истражувачка алатка” вели професорот Голад Јосифон од Универџитеѕот на Тел Авив.

- Advertisement -

Овие микророботи се направени од мали синтетички честички. Тие можат автономно да ја вршат својата задача или под надзор на човек. Електрични и магнетни механизми може да се користат за контрола на навигацијата.

Поради таа уникатна способност роботот може лесно да врши различни задачи како, на пример, да зема примероци од клетки, да разликува различни видови клетки и да утврдува дали една клетка е здрава или оштетена. 

- Advertisement -

Освен тоа, микророботот е програмиран да транспортира посебни клетки за понатамошна генетска анализа или друг вид испитување. Исто така, може да администрира лекови или гени во клетката која ја фатил, што значи дека во иднина може да се креираат таргетирани третмани за различни болести, меѓу кои и ракот.

Деталите за оваа иновација се објавени во студија во весникот Advanced Science.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -