НАСА поврди дека на 9 октомври 2022 година нашиот Сончев систем го погодил блесок на гама зраци оддалечен на 1.900 светлосни години, кој бил најсветол од кога било во историјата на човечката цивилизација. Тоа вселенската агенција го нарекува настан кој се случува еднаш во 10.000 години.
Блескавите гама зраци се едни од чудните изненадувања со кои понекогаш се соочуваат научниците. За да помогнат во спроведувањето на Договорот за делумна забрана за тестирање нуклеарно оружје од 1963 година САД лансираа цела низа Vela сателити дизајнирани за откривање нуклеарни експлозии на површината на Земјата или во атмосферата. Во 1967 година добија големо изненадување – сателитите Vela 3 и 4 детектираа експлозија на гама зраци кои не дошле од Земјата, туку од вселената.
Оттогаш гама зраците привлекуваат големо внимание кај научниците поради високоенергетските настани кои ги создаваат, затоа што даваат траги и за самата природа на вселената.
Според НАСА, на 8 октомври 2022 година првиот знак дека настан кој се случува еднаш во 10.000 години се приближува до Земјата бил кога инструментите на сондата Voyager детектирале нагли скок на висока енергија на честички, додека најсветлата експлозија на гама зраци во историјата пролетала покрај него и поминала нив внатрешниот систем 30 часа подоцна. Таа експлозија заслепила многу вселенски сензори затоа што биле надминати нивните оперативни ограничувања.
НАСА направи анимација на оваа експлозија, која можете да ја погледнете од видеото во прилог.
Не само што оваа експлозија била 70 пати посветла од што било претходно, туку зафатила и 15 магнитуди од електромагнетниот спектар – од радиски до гама зраци. За жал, иако изворот на експлозијата наречена GRB 221009A точно е утврден, се покажало дека се наоѓа на линија која поминува низ централната линија на нашата галаксија, што значи дека е заштитена со десетици илјади светлосни години гасови и прашина. Тоа спречило директно набљудување на изворот.
Најверојатниот механизам кој би произвел таков блесок би било раѓањето на црна дупка затоа што јадрата на супермасивните ѕвезди кои се на крајот од својот живот се срушуваат сами во себе, што резултира со супернова и остава зад себе сингуларитет кој генерира повеќе тесни млазови на честички во спротивни правци со брзина блиску до брзината на светлината, додека ја впиваат материјата во својата близина, а ударните бранови од нив создаваат гама зраци.
Студијата за ова е објавена во списанието Astrophysical Journal Letters.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)