Во Шкотска се отвора првата јавна автобуска линија во светот со големи автономни автобуси

- Advertisement -

Во мај преку мостот недалеку од шкотската престолнина Единбург ќе почнат да возат автномни автобуси, а се верува дека станува збор за првите такви автономни возила кои се вклучени во јавниот сообраќај.

Транспортната компанија Stagecoach најави дека автономните автобуси ќе почнат да возат на 15 мај на релација долга 22,5 км меѓу станицата Феритол во Фајф до железничката и трамвајската станица Единбург Парк, преку мостот Форт Роуд.

- Advertisement -

Петте еднокатни автобуси ќе превезуваат околу 10.000 патници неделно. Автобусите поседуваат сензори кои овозможуваат возење по претходно одредена траекторија со брзина до 80 км на час, а во автобусите ќе има и по двајца вработени.

Еден ќе седи на возачкото место за да го надгледува патувањето, а т.н. капетан ќе им помага на патниците со качувањето во автобус, купувањето билети и сл.

- Advertisement -

Британската влада смета дека ова е првата јавна автобуска линија со големи автономни автобуси во светот. Шкотскиот министер за сообраќај, Кевин Стјуарт, ова го нарече возбудлива пресвртница и иновативен и амбициозен проект.

Директорката на Stagecoach, Карла Стоктон Џоунс, изрази задоволство што првата флота автономни автобуси почнува да вози на истокот на Шкотска, каде штое седиштето на компанијата и од истото место каде што тргнала нивната прва автобуска линија пред 40 години.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Stagecoach)

Сподели!
- Advertisement -