Шведска ќе поставува дрвени турбини за да ја намали емисијата на гасови

- Advertisement -

Компаниите Modvion и RWE Renewables Sweden AB склучија партнерство за поставување на првите дрвени турбини за идните фарми на ветар на копно. Зделката е дел од плановите на RWE да го зголеми производствениот капацитет додека истовремено ја намалува емисијата на јаглерод диоксид.

„Модуларните кули од ламинирано дрво имаат огромен пазарен потенцијал и можат да придонесдат за намалување а цената на произведената електрична енергија как што челикот и бетонот ќе ги заменат со еколошко дрво. RWE ќе го проценува потенцијалот на дрвените кули на Modvion за употреба во идните фарми на ветар“ велат од RWE.

- Advertisement -


Дрвените кули имаат потенцијал да станат битен комплементарен материјал во изгардбата на фармите на ветар и според истражувањето кое го спровеле од Modvion, речиси 4 од 10 Швеѓани преферираат турбините на ветар да се направени од дрво.

„Нашата технологија може да помогне драстично да се намали емисијата на штетни гасови од оваа индустрија, додека истовремено се овозможува иргадба на повисоки турбини за искористување на енергијата од послните ветришта на поголема висина. Одлично е тоа што лидерите на овој пазар како што е RWE сакаат да ги поддржат иновациите кои овозможуваат производство на обновлива енергија со користење на обновливи материјали“ велат од Modvion.

- Advertisement -

Патентираните дрвени турбини на ветар на Modvion се ефективно и исплатливо решение за се поголемата побарувачка на оваа индустрија за повисоки турбини. Ламинираното дрво е поцврсто од челикот, а полесно и може од него да се прават попрактични турбини. Освен тоа, турбините на Modvion сенаправени во модули, кои лесно може да се транспортираат, а градењето од дрво придонесува за радикално намалување на емисијата на јаглерод диоксид во споредба со конвенционалните материјали како челикот и бетонот.

„Целта е уште повеќе да се зголеми одрливоста на турбините на ветар. Турбините направени од дрво имаат потенцијал да станат битен фактор во оставрувањето на целта – индустријата за енергија од ветрот да стане карбонски неутрална“ додаваат од RWE.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -