Канадската компанија Dost одлучи да направи електричен велосипед кој нема да служи само за кратки градски релации, туку ќе може да ги замени автомобилите. Нивниот најнова велосипед наречен Crate е дизајниран токму со таа цел – како товарно електрично возило на две тркала, кое може да превезува едно лице со просечна тежина од околу 70 кг на растојание до 200 км, со едно полнење на батеријата.
Но, големиот досег не е главната идеја на Dost, затоа што основната намена е превоз на товар со тежина до 200 кг, што ќе му го намали досегот на 100 км, но и понатаму е импресивно.
На задниот дел на Crate има кафез за товар, со што се елиминира потребата за подолга рамка и се одржува големината на целиот велосипед на приближно исто како еден обичен градски велосипед. Дизајнот, исто така, го става возачот во средината на велосипедот.
Crate има мотор Bafang M600 од 750 W, кој произведува до 125 Nm вртежен момент. Возачот може да бира меѓу пет различни нчини на работа на папучите со кои се управува со сензорот за вртежниот момент или веднаш и директно да се намести моќта на моторот преку копчето за гас сместено на рачките.
Стандардна литиумска батерија е сместена во долната цевка, а достапна батерија која се користи како продолжеток на досегот се поставува на долната цевка за да се зголеми целосниот капацитет на 1200 Wh и 25 Ah.
Од Dost велат дека велосипедот може да превезува и еден возач и две мали деца или еден возач и една возрасна личност, што значи дека можете целото семејство да го понесете на пикник, а може да ви послужи и за патување на море.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)