Шведска на пат да стане првата земја на непушачи во светот

- Advertisement -

Шведска е на прагот да постави преседан во однос на јавното зздравје, преседан кој ќе спаси десетици милиони животи на секој континент на Земјата. Развиената скандинавска земја со популација од нешто над 10 милиони жители наскоро ќе стане првата нација во светот која се откажала од цигарите.

И Европската мрежа за превенција на пушењето и на тутунот и Светската здравствена организација официјално за земја без пушачи ја сметаат земјата во која помалку од 5% од населението се пушачи. ЕУ им даде задача на сите змеи-членки да станат земји-непушачи до 2040 година, а најголем дел од нив ќе ја промашат таа цел.

- Advertisement -

Шведска, пак, оваа историска цел ќе ја достигне оваа година. Тоа е 17 години порано од зададениот временски рок и пред која било друга нација. Земјата веќе ги гледа и бенефитите од откажувањето од цигарите – намалени стапки на болни од рак и други смртни случаи поврзани со пушењето.

Во Шведска порано 49% од машката популација беа редовни пушачи, а оваа цел ја достигна со поставување на реалистична мапа до еден свет на непушачи. Шведска проактивно го имплементираше она што се налага во членот 1 од Рамката на Конвенцијата за контрола на тутунот на СЗО: контролата над тутунот подразбира разни стратегии за намалување на набавката, побарувачката и штетата на тутунот со цел подобрување на здравјето на населението преку елиминирање или намалување на нивната консумација на производи од тутун и намалено изложување на чад од тутун.

- Advertisement -

Преку примената на строги мерки за контрола на тутунот, потрошувачката на производи од тутун кои согоруваат се направи помалку атрактивна, додека истовремено се олесни употребата на помалку штетни форми на тутун и никотин кои не согоруваат.

Во изминатите пет децении Швеѓаните прогресивно и систематски се одлучија за помалку штетни алтернативни на цигарите, кои истовремено станаа попристапни, поевтини и поприфатливи за целата популација.

- Advertisement -

Всушност, ако стапката на смртност од болести поврзани со пушењето цигари која моментално ја има Шведска се реплицира во другите земји, само во ЕУ ќе се спасат над 3,5 милиони животи во наредните 10 години.

(smokefreesweden.org)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -