Астрономи се на чекор да го потврдат постоењето на чуден вселенски објект за кој имаше само теории

- Advertisement -

Нова студија на строфизичари од Универзитетот Сао Пауло и Федералниот институт ABC во Бразил потврдија дека неверојатно густата групација на ѕвездени материјали во форма на објектот XMMU J173203.3-344518 може да биде нешто што досега постоеше само во теорија – чудна ѕвезда.

Овој вселенски објект има маса еднаква на 3/4 од нашето Сонце, но по големина може да го собере во Менхетен во Њујорк. Станува збор за многу мала ѕвезда која експлодирала во супернова и меѓу чии остатоци се врти.

- Advertisement -

Минатата година научници од Институтот за астрономија и астрофизика при Универзитетот во Тубинген во Германија повторно ја проценија оддалеченоста меѓу нас и таа минијатурна ѕвезда која се врти во остатоци од суперновата HESS J1731-347. Тие проценија дека е оддалечена на 8.150 светлосни години.

Затоа оваа ѕвезда стана поинтересна за научнциите. Се смета дека долната граница на маса за неутронска ѕвезда е малку повеќе од една сончева маса. Најлесната ѕвезда досега има 1,17 пати поголема маса од Сонцето. Со дури 77% соларна маса, XMMU J173203.3-344518 не е само рекордер, туку е и целосно ги збунува научниците. Неутронските ѕвезди не би требало да имаат толку мала маса.

- Advertisement -

Тоа имплицира дека можеби не е неутронска ѕвезда. Научниците нагаѓаат дека наместо тоа станува збор за објект кој се нарекува чудна ѕвезда и кој главно се состои од честички познати како чудни кваркови.

Студијата на бразилските астрофизичати повторно ги проверувала сите познати ифнромации досега. Споредувајќи ги своите резултати со чудните материи и шпекулативните модели за нивно создавање со супернови, тимот се сложил дека овој члуден мал објект уште има две карактеристики на една хипотетска чудна ѕвезда. Таа студија е прифатена за објава во списанието Astronomy and Astrophysics Letters.

- Advertisement -

Кварковите се базирани на честички кои се групираат во трио и создаваат бариони. Два познати примери на овие групи се муклеарните честички протони и неутрони. Уште не е познато како суперкомпактен објект составен од најголем дел кваркови настанува од супернова, иако некои модели сугерираат дека материјата на кварковите вообичаено се развива од самиот почеток на колапсот на ѕвездите. Во прилично уникатни услови нешто предизвикува доминација на оваа материја, ослободувајќи уште повеќе енергија во колапсот за да се ослободи повеќе маса отколку вообичаено, оставајќи повеќе кваркови зад себе.

Од друга страна, тоа не значи дека може да се сиклучи некое понормално објасение, а прерано е да се тврди некој конечен заклучок.

(Science Alert)

(фото: Raw Pixel)

Сподели!
- Advertisement -