Во среда на Inno Cafe ја презентираме работата на два тима кои работеа во ИНО ФАБ ЛАБ!

- Advertisement -

 На 12 април (среда) со почеток во 19 часот во coworking просторот Netaville ќе се одржи Ино Кафе настан на кој ќе се презентораат дел од иновативните проекти сработени од страна на младите тимови кои изминативе месеци работеа ИНО ФАБ ЛАБ, првата лаабораторија за прототипирање и развој на иновативни идеи во нашата земја.

Од врвни технолошки решенија до креативни концепти за дизајн, овие млади иноватори сигурно ќе ве инспирираат и импресионираат со нивните идеи. Конкретно, на овој настан ќе се презентираат два тимови кои разработуваа иновативни идеи  во ИНО ФАБЛАБ: Тимот „Дизајнирање и прототипирање на аеродинамичен објект“ и тимот „GREEN LAZY BAGS oд текстилен отпад”

- Advertisement -

Ќе слушнете инспиративни бизнис приказни од нашите гости: Горан Митревски, основач и директор на компанијата “Кабтел“ и Весна Иваноска, Генерален Менаџер на Сеавус едукативен и развоен центар.

Ова е шанса за сите млади креативни умови да се дружат и да се запознаат со многу други креативци и со веќе докажани искусни претприемачи и инвеститори, но и да дознаете повеќе за ИНО ФАБЛАБ и за нашата мисија да ја поддржеме и да ја зајакнеме следната генерација иноватори. 

- Advertisement -

Ќе имате можност први да ги тестирате еколошките lazy bags изработени од креативците во ИНО ФАБ ЛАБНе ја пропуштајте оваа можност да ја видите иднината на иновациите кај нас, од прва рака.

Сподели!
- Advertisement -