Владата ја лансираше АДА, првиот дигитален асистент во јавниот сектор

- Advertisement -

Владата на Република Северна Македонија официјално ја пушти во употреба АДА, дигитален асистент во јавниот сектор, прв во регионот и пошироко базиран на вештачка интелигенција. Од денес АДА стои на располагање на компаниите на кои ќе им овозможи добивање целосни информации за условите за инвестирање во нашата земја и за државната помош која се нуди за инвестициите. 
Преку дигиталниот асистент, граѓаните и заинтересираните странски инвеститори ќе можат да се запознаат со достапните програми и отворени повици на институциите кои се јавуваат како даватели на државна помош,  и гарантира голема транспарентност, ефикасно и ефективно добивање на податоци за бизнисот во реално време 24/7 на три јазици, македонски, албански и на англиски на интернет адресата: ada.gov.mk.

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во своето обраќање на денешното лансирање рече дека воведувањето на првиот дигитален асистент во давањето јавни услуги претставува надоградба на нашите практики за дигитализација во општеството.

- Advertisement -

“Република Северна Македонија се дигитализира. Нашата држава ги следи светските процеси и веќе е дел од бранот на нови, модерни, дигитални трендови, кои го зафаќаат секој аспект на нашето живеење и наједноставно може да се каже дека да, доаѓа АДА, што е првиот дигитален асистент некогаш направен во Владата на нашата држава. Процесот на дигитализација е незапирлив, секаде во светот, па така и во нашата држава. Како Влада, која е насочена кон осовременување и следење на светските трендови, во изминатиот период поддржавме, а и ќе продолжиме да поддржуваме поголем број на иновативни иницијативи “, изјави премиерот Ковачевски, во своето обраќање, на денешната презентација на првиот дигитален асистент во јавниот сектор-АДА.

Потенцирајќи дека поддршката со инвестиции во компаниите постојано расте, премиерот Ковачевски нагласи дека минатата година е забележана рекордна исплата од 23 милиони евра, како и рекорден број на поддржани компании, вкупно 410, по Законот за финансиска поддршка на инвестиции.

- Advertisement -

„ Употребата на вештачката интелигенција и компјутеризацијата се пресликува и применува и во јавната сфера, како и во работењето на нашите институции. Па така, илустрирано преку едноставни примери, ако порано билетите ги издаваа луѓе, сега тоа го прават машините. Физичкото плаќање на сметки кое порано беше единствено можно преку шалтери, сега е заменето со онлајн плаќање, исто како што е овозможено и вадењето на лични документи да биде по електронски пат а она на што веќе работиме е електронски ИД за граѓаните на Северна Македонија. 

Така, го исклучуваме влијанието на човечкиот фактор, можноста за грешки и за коруптивни практики“, рече премиерот Ковачевски.Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во неговото обраќање рече дека АДА е материјализирање на промената која на сите ни е потребна, е материјализирање на дигитализацијата која постојано ја зборуваме, за транспарентност, ефективност и ефикасност во јавниот сектор.

„Но, каков разултат  е АДА, од каде произлезе. Имаше две клучни работи пред две години кога ја почнавме дискусијата за АДА. Првото беше извештајот на Стејт Департментот кој тогаш излезе за борбата со корупција. Во сегментот за борба против корупција имаше едне дел кој се однесуваше на делењето на државнат апомош и поддршка на инвестиции, и во истиот стоеше дека транспарентноста е клучна за сузбивање на појавата на корупција и дека елеминацијата на истата ќе биде императив и треба да биде императив на Владата. 
И денеска нормално, одговорот го најдовме во дигиталниот асистент базиран на вештачка интелегенција АДА. Вториот предизвик беше личен, затоа што како претседавач на советот за старт ап еко системот беше како да им помогнеме на нашите домашни компании да вистина покажат тоа што го знаат. И вториот резултат е  АДА, креирана од домашна старт ап компанија, Кодвел“, рече вицепремиерот Битиќи.

- Advertisement -

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Фестим Халили, истакна дека Фондот продолжува да биде двигател на промените општеството.

„Со проектот АДА денеска испративме силна порака дека е време за нови технолошки промени кои ќе обезбедат подобра иднина за сите граѓани. АДА е тука, и спремна е да овозможи нова, модерна комуникација на граѓаните со Владата на Република Северна Македонија, но и да ги поттикне домашните и странски инвеститори за мерките на државна помош. Инвестициите во развој на вештачка интелигенција бележат раст во нашата земја, а придобивките од неа ќе ги почувствуваме многу скоро. Фондот како институција ќе продолжи да поддржува вакви и слични иницијативни кои ќе доведат до побрза дигитализација и трансформација на македонскиот екосистем”, изјави Фестим Халили, директор на Фонд за иновации и технолошки развој.

На настанот се обрати и министерот за Информатичко општестство и администрација, Азир Алиу кој рече дека дигитализацијата е еден од главните приоритети на Владата на Севрна Македонија.

„Дигитализацијата во нашата земја не значи само давање услуги во реално време, туку истовремено и за елиминирање на корупцијата и затоа длабоко веруваме дека преку овој пристап ние ќе ја намалиме корупцијата“, рече Алиу.

Нино Карас, еден од коосновачите на компанијата Кодвел која ја изработи АДА, рече дека дигиталениот асистент овозможува креирање на дигитални вработени кои се експерти на затворен домен на знаење и автоматизираат комуникација со крајни корисници.

„Ваквите дигитални асистенти се во можност да обезбедат природна комуникација со крајните корисници преку chat каналите налик на комуникација со реален човек, достапни се во секое време и ги услужуваат корисниците на нивниот мајчин јазик. Напросто, замислете да имате пристап до најдобриот шалтерски работник, кој Ви е достапен 24×7 за комуникација преку популарните чет апликации (Facebook Messenger и Viber) и кој може да ви помогне со се што ви е од интерес, а е поврзано со соодветната институција“, изјави Карас.

Компанијата „Кодвел Анлимитед“ на објавениот јавен повик беше оценета во конкуренција на три проекти како најиновативната идеја за дигитален AI асистент за чија реализација државата преку Фондот за иновации и технолошки развој обезбеди девет милиони денари од буџетот на ФИТР.

Сподели!
- Advertisement -