Научници открија соединенија на база на злато кои уништуваат смртоносни бактерии

- Advertisement -

Ново истражување на шпански научници беше претставено на годинашниот Европски конгрес на клиничка микробиологија и инфективни болести во Копенхаген. Истражувањето откри дека неколку соединенија на база на злато имаат потенцијал за лекување на слогласни супербактерии кои се отпорни на антибиотици.

Авторите на ова истражување тврсат дека лековите на база на злато имаат голем потенцијал како нови антибиотици. Имено, сите 19 тестирани соединенија биле ефикасни против најмалку еден вид на супербактерии, а некои и против повеќе од нив.

- Advertisement -

Се проценува дека супербактериите убиваат околу 700.000 луѓе годишно на светско ниво, а се предвидува дека таа бројка ќе порасне на 10 милиони до 2050 година ако науката не преземе ништо по тоа прашање. СЗО смета дека проблемот со отпорноста на бактериите на антибиотици е една од најголемите закани по јавното здравје на човештвото. Во таа смисла, развојот на нови антибиотици е стопиран, а неколкуте нови антибиотици кои се развиени главно се деривати на постоечки лекови.

Науката одамна знае дека златото има антибактериски својства, поради што златните металоантибиотици, односно соединенија со златни јони во својот состав, ветуваат голем потенцијал во лекувањето на инфекциите со супербактерии.

- Advertisement -

За да дознаат повеќе д-р Сара Сото Гонзалез од Институтот за глобално здравје во Барселона и нејзините колеги ја проучувале активноста на 19 соединенија на база на злато против низа бактерии кои се отпорни на најголем дел од лековите, изорлирани од заразени пациенти. Сите соединенија припаѓаат на исто семејство, но имаат рзлична структура.

Шест од бактериите кои ги проучувале предизвикуваат кожни и други инфекции, инфекции поврзани со катетер, воспаление на бели дробови, инфекција на крвта и на уринарниот тракт и сл. Сите испитани бактерии се ресистентни на повеќето лекови. Четири од нив се на листата на СЗО со приоритетни патогени отпорни на антибиотици. Со други зборови, тоа се бактерии кои се отпорни на речиси сите лекови и се почесто се наоѓаат во белите дробови на луѓе болни од цистична фиброза.

- Advertisement -

Тестовите покажале дека 16 од 19 соединенија (84%) на база на злато биле многу ефикасни против овие бактерии, од кои голем дел се грам негативни, односно имаат веќе вградена отпорност на антибиотци и потребата за нови третмани е посебно итна.

Златните соединенија користат различни техники за убивање на бактериите – ја стопираат работата на енизмите, ја пореметуваат функцијата на бактериските мембрани и ја оштетуваат нејзината ДНК. Она што е најбитно е дека тој мултимодален механизам треба да го спречи развојот на антимикробната резистенција кај бактериите.

(Eurek Alert)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -