Македонија сѐ уште го држи Гинисовиот рекорд за најдолга бизнис презентација

- Advertisement -

Минатогодишниот Longest Pitch Marathon со 65 презентирани идеи, 30 говорници и 20 присутни инвеститори, со кој беше соборен Гинисовиот рекорд за најдолга бизнис презентација, оваа година се враќа со нов настан. 

Да потсетиме,  минатата 2022 петте победнички стартапи добија инвестиција од 25.000 евра, што докажува дека Longest Pitch Marathon не е само настан за презентирање на  идеи, туку  поле за лансирање успешни бизниси. Овогодинешниот Longest Pitch Marathon има за цел да ги надмине тие достигнувања и да поттикне уште повеќе револуционерни соработки, поттикнувајќи екосистем на иновации и успех на Балканот.

- Advertisement -

„Целта ни е да бидеме дел од револуционизирањето на европската технолошка сцена. Нашата мисија со Longest Pitch Marathon и во оваа 2023 е да ги открива скриените скапоцени камења на Балканот.  Ова е одлична шанса да ја искористете можноста да ја обликувате иднината на растечкиот технолошки центар во Европа и да го откријте следниот unicorn„ – изјави Сања Митровска, која со нејзиниот Нетворкер стои позади овој настан. 

Годинава, настанот ќе се одржи во Скопје, на 20 и 21 мај со импресивна постава на говорници, вклучувајќи искусни претприемачи, извршни директори како и  партнери од врвни акцелераторски програми. Присутните ќе бидат почестени со разновидна агенда која вклучува многу забава, панел-дискусии, како и непроценливи можности за вмрежување.

- Advertisement -

„Longest Pitch Marathon се е настан кој после минатогодишниот молскавичен успех се враќа овој пат со искуство и фокусирана програма  посветена на иновациите и претприемништвото. Овој дводневен настан е отворен за сите стартап компании и бизнис ентузијасти кои имаат одлична идеја и бараат шанса да освојат парична награда. Инвеститорите и оваа година ќе бидат присутни за да ги слушнат сите пријавени на настанот, обезбедувајќи неспоредлива можност за финансирање на најдобрите идеи. Но, Longest Pitch Marathon e повеќе од само натпревар во пичинг. Овогодинешното издание, добива друга димензија зошто ќе го истакне извонредниот потенцијал на балканскиот регион. Замислете да се вратите назад во времето, да го знаете местото и моментот кога е создадена Силиконската долина, а всушност да бидете дел од неа. Longest Pitch Marathon 2023 нуди слична можност бидејќи го прикажува богатството на Балканот од неискористени ресурси, квалификувана работна сила и претприемачки дух. Тоа е како да сте го откриле Биткоинот во 2010 година – шанса што се случува еднаш во животот да бидете во првите редови на движењето што ја менува комплетно играта„ – истакнува Митревска. 

Повеќе детали за регистрирање како учесник или да се пријавите како говорник има на следниот https://www.longestpitchmarathon.mk/за најдолгиот маратон за презентирање на бизнис идеи кој ги поврзува иновативните стартапи со визионерските инвеститори и индустриските лидери, создавајќи платформа за пронаоѓање на најпаметните умови од балканскиот регион со цел да се  поттикне енергичниот претприемачки екосистем, а ваков настан е само катализатор за создавање позитивни промени и редефинирање на технолошката сцена во овој дел Европа.

Сподели!
- Advertisement -