Франција гради подводна лабораторија на длабочина од 2,5 км

- Advertisement -

Франција гради подводна лабораторија на длабочина од 2.450 метри. Новата лабораторија на целосно далечинско управување се гради во близина на Марсеј. Станува збор за лабораторија наречена Laboratoire Sous-marin Provence Méditerranée (LSPM), која претставува врвно подводна истражувачка институција сместена на 40 км јужно од Тулон. Ова е првата лабораторија од овој тип во Европа. Опремена е со високотехнолошки научни инструменти и сензори за океанографија, геологија и физика на ќестиќките, како и за други области.

Инфраструктурата е изградена на длабочина од 2.450 метри и содржи врвна научна опрема, вклучувајќи и неутронски детектор Kilometer Cube Netrino Telecope (KM3NeT), кој се состои од 2.070 сфери распоредени на 115 линии усидрени за дното на океанот, кои се затегнати и потопени со пловки. Дел од платформата се EMSO сензорите за следење на здравјето на океаните.

- Advertisement -

Кога ќе биде целосно завршена, лабораторијата LSPM ќе има електрооптички кабли за поврзување со копното, разводни кутии за поврзување со подводна инструментација, акустичен систем за позиционирање, разводна кутија посветена на мерки за заштита на околината итн.

На копното ќе биде главната контролна соба во Ла Сен-сур-Мер за контрола на експериментите во реално време, за собирање податоци, брза конекција со другите контролни и складишни центри, просторија за далечинско управување, изложбен простор, рецепција и мултимедијална инсталација.

- Advertisement -

На платформата ќе се наоѓа и подводниот робт BathyBot, опремен со напредни сензори кои може да мерат различни океански параметри како што се температурата, кислородот, концентрацијата на јаглерод диоксид, моменталната брзина и насоката, салинитетот и концентрацијата на честички.Како и другите инструменти на LPSM, и овој робот ќе се контролира од копно. Исто така, ќе може да се качува по 2 метри високиот вештачки гребен и да ги мери својствата на водата, дури и кога е оддалечен од седиментите на океанското дно.

Според тврдењата на научниците, LSPM ќе им овозможи на научниците подобро да разберат многу рзлични морски феномени.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -