ВИДЕО: НАСА претстави 3Д печатена куќа во која ќе се симулираат услови на планетата Марс

- Advertisement -

Четири мали соби, теретана и многу црвен песок- така изгледа куќата која НАСА ја испечати за во неа од јуни натаму д живеат четворица астронаути во период од една година и ќе го симулираат животот на Марс.

Куќата се вика Mars Dune Alpha, се наоѓа во истражувачката установа Американска вселенска агенција во Хјустон, Тексас. Четворицата волонтери кои ќе живеат таму ќе помогнат во подготовката за идните мисии на Црвената планета.

- Advertisement -

Со мерење на нивните перформанси и на когнитивните способности, НАСА подобро ќе ги разбере ресурсите кои ќе мора да се осигураат во текот на ова амбициозно патување.

Тоа ќе бидат навистина битни информации за носење клучни одлуки за ресурсите,велат одговорните на проектот.

- Advertisement -

Волонтерите ќе живеат во куќа од 160 квадратни метри, во која има две бањи, вертикална фарма за одгледување салати, соба наменета за медицинска грижа, простор за опуштање и неколку работни станици.

Членовите на првиот експериментален тим допрва треба да бидат именувани, но од НАСА изјавија дека при изборот ќе се следат стандардите на критериумите на НАСА за кандидати за астронаути..

- Advertisement -

Куќата е направена со технологијата за 3Д печатење која НАСА ја проучува за потенцијална изградба на живеалишта на други планетарни или линеарни површини.

(Zimo)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -