Кувајт ја претстави „Федха“ – виртуелна презентерка на вести

- Advertisement -

Локален медиум од Кувајт претстави виртуелна презентерка на вести создадена од вештачка интелигенција – „Федха“, која ќе чита исечоци од вести претходно објавени на веб-медиумите , јавува „Гардијан“.

„Федха“ беше претставена преку „Твитер“ профилот на „Кувајт Њуз“ и е жена која носи црно сако и бела кошула.

- Advertisement -

„Јас сум Федха, првата презентерка во Кувајт која работи со помош на вештачка интелигенција во ‘Кувајт Њуз’. Какви вести преферирате? Би сакала да ги слушнам вашите размислувања“, вели таа на арапски.

Кувајтскиот медиум кој ја претстави „Федха“, е поврзан со „Кувајт Тајмс“, медиум основан во 1961 година и претставува прв медиум на англиски јазик во државата.

- Advertisement -

Абдула Бофтејн, заменик уредникот на медиумот вели дека „Федха“ е тест за потенцијалот на вештачката интелигенција и способноста да понуди „нова и иновативна содржина“.

Тој додал дека во иднина Федха може да има и кувајтски акцент и да презентира исечоци од вести претходно објавени на веб-медиумите. Вестите Федха ќе ги чита на Твитер, преку профилот на медиумот кој брои над 1.2 милиони следбеници.

- Advertisement -

Првичното видео од презентирани вести од страна на Федха кое трае 13 секунди создаде лавина од реакции, вклучувајќи и реакции од новинари.

Брзиот глобален раст на вештачката интелигенција нуди надеж за подобрување на здравството, но и страв од ширење на дезинформации, загуба на работни места и уметничкиот интегритет.

Според Индексот на медиумска слобода од страна на Репортери без граници, Кувајт се наоѓа на 158 место од 180 држави.

Radio MOF

Сподели!
- Advertisement -