Приватниот јапонски лунарен лендерi Hakuto-R моментално е во орбитата на Месечината и планира да слета во вторник, 25 април, о алтернативни датуми за слетување се и 26 април, 1 мај и 3 мај, се вели во соопштението на компанијата iЅpace.
Вселенското летало Hakuto-R беше лансирано во декември 2022 година со ракетата SpaceX Falcon 9. Сондата моментално се наоѓа во елиптичната лунарна орбита и се приближува до површината на Месечината на 100 км, односно се оддалечува до 2300 км.
При обидот за слетување лендерот ќе изврши кочење и ќе го активира главниот погонски систем за да забави во орбитата. Со помош на повеќе однапред зададени наредби лендерот ќе ја прилагоди положбата и ќе ја намали брзината за да изврши меко слетување на површината а Месечината. Процесот ќе трае отприлика еден час.
Освен тоа, iЅpace лансира пренос во живо од контролната мисија во Токио, па речиси во реално време ќе овозможи следење на слетувањето.
Примарното место за слетување екратерот Атлас, кој се наоѓа на југоисточниот надворешен дел на регионот Маре.
Ако успее во тоа, Hakuto-R ќе биде првото товарно вселенско летало кое безбедно ќе слета на Месечината.
Компанијата веќе работи на својата втора и трета мисија на Месечината, со цел лансирање во 2024, односно 2025 година.
(Vidi.hr)