Американски музеј нуди награда од 25.000 долари за првиот што ќе донесе парче метеорит

- Advertisement -

Еден музеј во американската држава Мејн нуди награда од 25.000 долари на првиот кој ќе донесе парче од метеорит кој се распаднал нас шумскиот предел долж границата со Канада.

Необично светлата огнена топка била забележана на дневна светлина околу пладне минатата сабота по локално време.

- Advertisement -

НАСА соопшти дека четири радарски прегледи детектирале траги конистентни со метеорити кои се видени во време и на локација за која известиле очевидци, а луѓе слушнале бучава при падот. Ова е прв пат радар да забележи некој метеорит над Мејн, додаваат од НАСА.

Музејот сака камењата од вселената д ги додаде на својата колекција, која вклучува карпи од Месечината, па првиот ловец на дел од тој метеорит тежок 1 кг ќе добие награда од 25.000 долари.

- Advertisement -

За да има толкава тежина, парчето метеорит треба да е големо колку тениско топче,па затоа потрагата нема да е воопшто лесна во регион со должина од 16-19 км и ширина од 1,6 км.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -