Koлку месеци им се потребни на младите во Македонија за да најдат работа?!

- Advertisement -

Младинското (не)вработување не е само прашање на барање на работа, професија и обезбедување на опстанок.  Тоа е клучно за позиционирање на улогата на младите во општеството. Ова е еден од заклучоците нотирани во документот за јавна политика со назив „ Младинско (не)вработување: политики, мерки и вештини“ креиран од Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, кој е достапен на македонски и албански јазик.

Документот за јавна политика демонстрира сериозни податоци поврзани со младинската невработеност. Според државниот завод за статистика младинската невработеност во 2021 година изнесувала 36,4% на возрасната група од 15 до 24 години, додека кај возрасна група од 15-29 години изнесува 22,3%. Според Меѓународната организација на трудот (2016) во Северна Македонија се потребни во просек 31 месец од дипломирање до првата работа, и тој период е многу подолг за младите со средно образование отколку за младите со универзитетска диплома. За младите што имаат само основно образование процесот може да трае дури 62 месеци.

- Advertisement -

Иако во изминатите години беа активни неколку мерки поттикнување на вработувањето на млади и поттикнување на претприемништвото, како што се мерката „Гаранција за млади“, програмата за практикантство во рамки на проектот „Поддршка за вработување на млади“, мерката исплатата на младински додаток и слични мерки, сепак младинската невработеност сè уште е еден од клучните предизвици во нашата земја.

Овој документ за јавна политика подетално ги разгледува причините за постоењето на оваа несаката појава, но и дава препораки за справување и подобрување со моменталната состојба поврзана со младинската невработеност.

- Advertisement -

Земајќи предвид дека една од причините за високиот степен на младинска невработеност е недостатокот на вештини кај младите, како и можности за стекнување на вештини, Здружение Лидери за едукација, активизам и развој креираше две клучни публикации кои ќе им помогнат на младите да стекнат вештини за вработување и работа, но и за едукатори кои работат со млади во насока на нивно подобро позиционирање на пазарот на трудот.

Прирачник за млади: Стекнување меки вештини за личен и професионален развој има за цел да им понуди на младите сет на вештини кои им се потребни за подобро позиционирање на пазарот на трудот, но и за исполнување на нивниот целосен потенцијал. Овие вештини се важни без разлика на кариерниот пат по кој чекорат младите и индустријата во која професионално се градат. Дополнително, со цел да им помогнеме на сите едукатори кои работата на личниот и професионален развој на младите, креиравме и едукациска програма за вештини за вработување која е достапна на македонски и албански јазик.

- Advertisement -

Трите публикации се креирани во рамки на проектот „Училиште за младинско вработување“ кој се спроведува во рамки на проектот WB&T for EmploYouth го спроведуваат пет младински организации: Фондација Ана и Владе Дивац (Србија), Здружение Прима (Црна Гора), Младински сојуз – Крушево (Северна Македонија), Партнери Албанија – за промени и развој (Албанија) и Фондација Волонтери од заедницата (Турција). Проектот е поддржан од Европската комисија, како дел од нејзините напори за континуирано надградување на односите на јавните власти со младите.

Фото – Pexels

Сподели!
- Advertisement -