Ѓорчева и Илиева се македонски претставници на самитот Форбс 30/50

- Advertisement -

Вмрежувањето е многу важно и на претприемачите во земјава може да им помогне забрзано да го развијат својот бизнис. Треба да бидат информирани за најновите трендови и можности во нивната индустрија, за да можат да добијат пристап до потенцијалните инвеститори и клиенти. Успешниот бизнис често се гради врз силата на неговиот тим, порачуваат м-р Михаела Ѓорчева и м-р Моника Илиева, млади претприемачи, кои беа единствените македонски претставници на неодамна одржаниот светски самит Форбс 30/50 во Абу Даби, каде главна тема беше менторството.

За МИА потенцираат дека нивна долгорочна цел како претприемачи е да воспостават успешен бизнис, кој ќе придонесе за развој на локалната економија и ќе создаде можности за вработување на младите во нашата заедница.

- Advertisement -

Ѓорчева е дел од листата Forbes Under 30-2022 на која се истакнуваат 30 најуспешни млади претприемачи во Европа. Основач е на единствениот македонски ланец на кина – Киноверзум и член на Управниот Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет.

Од овој самит, наученото за неа е искуство плус за успешна работа и во таа насока потенцира дека вмрежувањето е многу важно и може да им помогне и на македонските претприемачи забрзано да го развијат својот бизнис. Нагласува дека со поврзување со други професионалци во иста или слична индустрија, може да се биде во чекор со најновите трендови и најдобрите практики, а за нивните бизниси да добијат вредни совети.

- Advertisement -

За м-р Илиева, ко-основач на издавачката и продукциска куќа Cafe De Anatolia, учеството на самитот било можност да научи многу вештини од некои од најголемите умови во деловниот свет.

Извор – МИА

- Advertisement -

Фото – ФБ профил на Моника Илиева

Сподели!
- Advertisement -