ВИДЕО: Овој автомобил има рака која товари багаж и ве буди ако заспиете

- Advertisement -

Кинеската компанија Didi минатата недела прикажа како може да изгледа автомобилот, односно роботското такси од иднината. Автономните возила веќе некое време превезуваат пратници во некои американски градови, а далеку на тоа поле стигнаа и Кинезите, па на патиштата во нивните градови возат возила во кои нема возач.

За две години отсега на кинеските патишта ќе почне да вози и DiDi Neuron, првото автономно возило на познатата кинеска компанија DiDi, која како и Uber нуди услуги со такси превоз. За разлика од досегашните автономни автомобили, кои се направаени за во нив луѓето да можат да преземат контрола ако има потреба, во иднина тоа нема да биде така.

- Advertisement -

Таков е и DiDi Neuron, концепт возило чија внатрешност целосно е фокусирана на комфорот. Бидејќи нема контролна табла, има повече простор за патниците, а сите седишта се свртени кон вантрешноста на возилото. ФДодека тој концепт не е новитет, DiDi Neuron е посебен по тоа што има роботска рака за адниот дел на возилото која може да го товари багажот, да ги буди патниците кога ќе стигна тна крајната дестинација и слично.

DiDi само го најави ова возило како концепт, што значи дека конечниот модел не мора да изгледа така ниту да ги има сите претставени опции, но секако е интересно да се види во кој правец ќе оди развојот на возилата во иднина.

- Advertisement -

(TechCrunch)

(фото: Twitter)

Сподели!
- Advertisement -