Шефот на Apple ја брани високата цена на iPhone: скапо чини изработката

- Advertisement -

Новите телефони на Apple доаѓаат со исклучително висока цена, меѓутоа шефот на Apple, Тим Кук, мисли дека иновациите се толку вредни.

„Сакаме да направиме iPhone за секого“ изјави Кук во емисијата Good Morning America, во која ги фалеше iPhone XR, XS и XS Max и ја бранеше цената која ја истакна Apple. Веќе знаеме дека станува збор за 750, 1.000 и 1.100 долари, како основна цена за новите модели. Кук истакна дека најголем дел од луѓето телефоните ги земаат преку мобилните оператори, па тогаш месечно и не испаѓа толку многу. За телефон кој чини повеќе од 1.000 долари луѓето често плаќаат околу 30 долари месечно, што е отприлика долар на ден.

- Advertisement -

Говорејќи за цената на телефоните, тој истакна дека ги заменуваат нашите дигитални фотоапарати кои повеќе не ни требаат, музички плеери и низа други уреди. „Сфативме дека луѓето сакаат да имаат најиновативни уреди и тоа не е евтино за производство“ изјави Кук.

Преку разговор се начна и прашањето за кинеско-американската трговска војна и царините наметнати на кинеските производи на кинеските производи и фактот дека уредите на Apple ќе бидат исклучителни. Кук додаде дека иако се составуваат во Кина, деловите за тие производи доаѓаат од низа земји, меѓу кои и САД.

- Advertisement -

Инаку, во очи на продажбата на новите телефони во првиот бран откриени се и точните капацитети на батериите на новите телефони.

iPhone XS Max: 3,174 mAh
iPhone XS: 2,658 mAh
iPhone XR: 2,942 mAh

Сподели!
- Advertisement -