Најава за дигитализација на сите услуги од државните институции!

- Advertisement -

Новата дигитална агенда на Министерството за информатичко општество и администрација е една од главните точки на новата национална развојна стратегија. Новите процеси на дигитализација ќе го подобрат работењето на јавната администрација и ќе обезбедат брзи услуги на граѓаните, што ќе придонесе кон намалување на корупцијата во државата, најави денеска инистерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу на прес конференција.

Програмата за Дигитализација „DigitalEra” на Министерството за информатичко општество и администрација предвидува дигитализација на процесите во нашата држава во сите сфери во државата. Планирано е да се основа Агенција за дигитализација, со што ќе се овозможи дигитализирана јавна администрација која ќе влијае на ефективноста, транспарентноста и отчетноста на управувањето.

- Advertisement -

Агенцијата за дигитализација ќе може да ги консолидира и кадровските ресурси кои што работат на ова поле, меѓутоа да стане и конкурентна во делот на привлекување на ИТ инженери, коишто знаеме дека се дефицитарни и кои што имаат висока цена на пазарот на труд, со што државата ќе може да ги обезбеди кадрите кои што се потребни на полето на дигитализацијата и на полето на сајбер безбедноста. Оваа година ќе има суштински реформи, засновани на клучните европски принципи за дигитализација на услугите, насочени кон трансформирање на начинот на кој граѓаните комуницираат со јавната администрација, најавија од Владата.

Во рамките на дигитализацијата, ќе се воспостават Интегрираните сервисни центри (One point of service) ЕТУ, кои го нудат концептот на едношалтерски систем, кои ќе бидат  достапни за сите граѓани во 333 пунктови на државно ниво, за добивање на многу услуги само на една локација. Овие ЕТУ шалтери ќе бидат дел од инфраструктурата на АД Пошта.

- Advertisement -

На административните шалтери ќе се овозможи лицата со посебни потреби да имаат приоритет за добивање на административни услуги. Се предвидува субвенционирање на програми од стратешки интерес за државата како што се сајбер безбедноста, вештачката интелигенција итн., како и воведување на дигитална лична карта.

Министерот Алиу појасни дека Министерството за информатичко општество и администрација веќе има обезбедено интегрирани услужни пунктови во 5 градови, кои го нудат концептот на едношалтерски систем, а со новата Стратегија за дигитална трансформација, граѓаните ќе имаат можност да ги добиваат овие услуги во сите населени места. Потенцирајќи го значењето на сајбер безбедноста како еден од столбовите на новата Агенција за дигитализација, која ќе се основа годинава, министерот Алиу ги повика сите државни и јавни институции да го поддржат процесот на дигитализација.

Сподели!
- Advertisement -