Американски научници направија растеглив екран

- Advertisement -

Флексибилните екрани, кои ја отворија вратата кон смартфони на преклоп, уште се далеку од вистинска флексибилност. Екраните кои се достапни моментално и можеме да ги видиме на телефоните на преклоп уште имаат ограничувања и точки на пукање.

Но, научници од Универзитетот Чикаго успеаја да осмислат и да направат дигитален екран кој е толку флексибилен што може да се замота околу рака, да се свтика во кој било правец или дури да се стави околу воланот во автомобил. Како што велат во студијата, објавена во списанието Nature Materials, нивниот флексибилен екран може да се свитка на половина, да се растегне до дупло повеќе од оригиналната димензија, а и понатаму да работи.

- Advertisement -

“Една од најбитните компоненти на речиси секоја потрошувачка електроника која ја користиме денес е екрано, а ние комбиниравме знаење од многу различни полиња за да создадеме целосно нова технологија за екрани“ вели Сихонг Ванг, помошник професор по молекуларен инженеринг, кој го водел истражувањето со Хуан де Пабло, професор по молекуларен инженеринг.

Ова е класа материјал која ви е потребна да може конечно да се развијат флексибилни екрани, вели Пабло. Ова дело е доста темелно и очекувам дека ќе овозможи развој на многу технологии за кои уште не сме ни размислувале, додава тој. Како што појаснуваат , во најголем дел од модерните уреди се користат ОЛЕД екрани, кои се многу крути и немаат никаква растегливост. Ванг и други истражувачи од Универзитетот Чикаго имале за цел да создадат материјал кој ќе ја задржи електролуминесценцијата на ОЛЕД екранот, но да биде целосно растеглив.

- Advertisement -

Така тие успеале да создадат нови полимери, кои имаат оптимизирана флексибилност и луминисценција. Материјалите се флексибилни, растегливи, издржливи и што е најбитно, енергетски ефикасни. Додаваат дека клучно во нивниот дизајн била употребата на термички активирана одложена флуоресценција, што овозможило претворање на електричната енергија во светлина. Со тоа создале материјал со перформанси кои се речиси еднакви на комерцијалните ОЛЕД технологии.

Ванг вели ека нивниот материјал може да ги отвори вратите за користење во медицината за импланти, но и во потрошувачката електроника за преносни уреди. Тие продолжуваат да го развиваат овој материјал за во идните верзии да овозможат прикажување на дополнителни бои, да ја подобврат ефикасноста и перформансите.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Trusted Reviews)

Сподели!
- Advertisement -