Најголемата летна наградна игра со Бокси

- Advertisement -

Сигурни сме дека до сега сте слушнале и знаете сѐ за првата македонска детска апликација за читање и слушање книги, Бокси. Тимот на Бокси е спремен за уште едно изненадување и ја организира најголемата наградна игра за ова лето.

- Advertisement -

Главната мисија на Бокси е да ја разбуди љубовта кон читањето кај најмладите и да создаде една убава навика кај сите додека времето поминато пред екраните е корисно за нив. Светот на книгите е сега блиску до секојдневието на дечињата.

Скоро сите издавачки куќи во Македонија и неколку странски како HarperCollins се партнери на Бокси и библиотеката може да се пофали со над 1000 детски наслови во моментот и континуирано бројката расте.

- Advertisement -

Наградната игра започна на 5ти април и ќе трае цели два месеци. Секој може да учествува и да се натпреварува. По случаен избор, Бокси води двајца најсреќни читатели и нивните најдобри другарчиња на летен камп во Каливас, Грција од 26.06. – 02.07.2023 година на незаборавно патување. Кампот е организиран од Супер Распуст во покровителство на Балкан Фан. На 1ви јуни ќе се одржи извлекувањето на добитниците.

Но, наградите не застануваат тука. Останатите читатели се потенцијални добитници на разни други награди меѓу кои и викенд во Маврово за четворица, ваучер од BabyCenter, кадифени играчки од „Светот на Биби“, индивидуални часови по англиски јазик во English Language Academy, Barner – Banz очила за сонце и многу други. (погледнете ја целосната листа тука)

- Advertisement -

“Имаме е-книги и аудио-книги на македонски, англиски и албански јазик. Присутни сме на пазарот од крајот на октомври 2022 година и досега можеме да се пофалиме дека нашите верни Бокси читатели прочитале повеќе од 3 Милиони зборови! Особено нѐ радува тоа што можеме директно да влијаеме во збогатувањето на речникот кај младите во нашата држава.

Во блиска иднина Бокси Кидс ќе прерасне во Бокси за цела фамилија, каде би имале литература за целото читачко семејство.“ изјавува Ивана Каралиева Петреска, еден од основачите на Бокси.

„Секој месец Бокси го наградува најдобриот читач со награда или вредносен ваучер. Но ова лето, тимот на Бокси сака да ги поттикне најмладите читатели да читаат уште повеќе, но и да се заблагодари за довербата на сите свои корисници, па затоа ја организираме најголемата наградна игра досега.“ додава Димитар Најденов, еден од основачите на Бокси.

За повеќе информации за Бокси и наградната игра, може да ја посетите веб-страницата https://boksy.mk, како и на профилите на Фејсбук и Инстаграм.

Сподели!
- Advertisement -