Откако првиот обид за лансирање во последен момент беше стопиран, SpaceX е спремен за повторен обид за лансирање на ракетниот систем Starship, заедно со ракетата Super Heavy. Лансирањето треба да се случи во вселенската база на SpaceX во близина на Тексас, а предвидено е да биде објавено од 15:30 до 16:30 часот.
Тест-летот на комплетниот Starship требаше да се случи во понеделникот, 17 април, но се откажаа од тој обид. Ѕtarship е транспортен систем кој може повторно да се користи во целост и е дозајниран за превоз на екипаж и товар во земјината орбита. Од SpaceX тврдат дека би требало да му помогне на човештвото да се врати на Месечината и да патува на Марс и подалеку.
SpaceX досега направи повеќе суборбитални тестови со горниот степен на Starship од вселенската база во Тексас, а тие тестови помогнаа да се потврди самиот дизајн на вселенското лчетало, докажувајќи дека Starship може да лета низ подзвучна фаза на влез пред повторно да ги запали своите мотори, да се сврти и да спреми конфигурација за слетување.
Освен тестирање на горниот степен на Starship, SpaceX направи и бројни тестови со ракетата Super Heavy, кои вклучуваат се посложени статистички палења кои доведоа до доглотраен тест на 31 мотори на Raptor, што е најголем број на истовремени шалења на ракетни мотори во историјата.
(Zimo)
(фото: YouTube)