Наблиува претставување на смартфонот на преклоп Google Pixel, за кој се шпекулира долго време. CNBC наведува дека имаат увид во интерната комуникација на компанијата, која открива дека смартфонот наречен Pixel Fold ќе биде претставен на конференцијата I/O на 10 мај, додека продажбата на истиот ќе започне од јуни годинава. Уредот, наводно, ќе чини околу 1.700 долари.
Меѓутоа, Google би можел да понуди неколку предности во однос на ривалите. Pixel Fold ќе има дизајн во форма на книга со екстерен екран од 5,8 инчи и внатрешен екран од 7,6 инчи, но ќе ја има и најиздржливата „шарка“ во однос на кој било друг уред на преклоп. Исто така, се очекува дека ќе биде отпорен на вода, ќе има батерија која ќе издржува до 24 часа нормално користење со едно полнење, односно до 72 часа со активниот начин на користење Extreme Battery Saver.
Меѓутоа, нема да има подобрени перформанси. Така, Fold ќе има ист Tensor G2 процесор како и серијата Pixel 7, а според гласините, може да има и нешто постари камери. Ако информациите се точни, Pixel Fold нема да се продава лесно. Се очекува Google наесен да го претстави и Pixel 8, кој веројатно ќе донесе надградби како што е третата генерација Tensor процесор.
(Klix.ba)
(фото: Trusted Reviews)