Хрватски пчелар разви иновативни креми со „природeн ботокс“ – отров од пчела!

- Advertisement -

Поради високата концентрација на мелитин, главниот пептид на отровот од пчела кожата станува затегната и затоа уште се нарекува природен ботокс. Токму овој драгоцен дар од природата е основата за нашата козметика, вели за „Пословни дневник“ Твртко Матијевиќ, сопственик на компанијата Bee Leonitus.

Тој разви единствена технологија за извлекување на отровот од пчели и собра група од околу 100тина пчелари кои годишно произведуваат 10-тина килограми пчелин отров чија цена се движи од 30 до 100 евра за еден грам.

- Advertisement -

“Многумина мислат дека ние ги убиваме пчелите при екстракција на отровот но напата мисија е да им покажеме на луѓето дека во ниеден момент не им наштетуваме на пчелите и дека тие и по испуштањето на отровот и понатаму даваат мед и прополис. Впрочем, ако ние ги убиваме пчелите при собирање на отворово тогаш тоа не би било рентабилно“, објаснува тој и додава дека во скап и долг процес од две години развиле уникатна технологија за собирање на отровот.

Можам слободно да кажам дека ја имаме најдобрата технологија за собирање на пчелин отров со која ги поминавме и Американците и Кинезите. За споредба, тие собораат еден грам отров на 10 кошници за еден час, додека ние собираме до 3 грана на десет кошници за 25 минути. Во однос на квалитетот исто така направивме голем скок. Напиот отров содржи над 70% мелитин, додека плелиниот отров кој се произведува во остатокот од светот содржи 45-55% мелитин“, објаснува Матијевиќ.

Мелитинот има различни биолошки, фармаколошки и токсиколошки ефекти од кои најважни се антитуморски, антобактериски и антифунгални. По разработка на технологијата и добивањето на висококвалитетниот отров Матијевиќ решава со стручен тим да стартува сопствен бренд – BeeVenom touch, кој во моментов има три креми и во фаза на тестирање се нови производи.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -