Богатството на Илон Маск се намали за околу 13 милијарди долари после експлозијата на неговото вселенско летало Starship на првиот лет до орбитата на Земјата. Компанијата SpaceX очекуваше нивното летало да стигне до орбитата, но неколку минути после лансирањето бустерот на најголемата ракета кога било изградена не успеа да се оддели од првата фаза и следуваше непланирана експлозија.
Маск, сепак, овој настан го смета за успех затоа што вели дека целта им била само да имаат успешно ласнирање, а се што се случило после тоа е бонус и собраните податоци ќе се искористат за надградба на идните верзии на ракетата.
Освен тоа, цената на акциите на компанијата за електрични возила на Маск, Tesla, се намали за речиси 10%, а тоа се случи откако компанијата објави 24% пад на профитот.
Како резултат на сето тоа, личното богатство на Маск, кое директно зависи од цената на акциите на Tesla, се намали за 12,6 милијарди долари и се проценува дека сега изнесува околу 163,9 милијарди долари.
Тоа е далеку помалку од моменталното богатство на францускиот милијардер и извршен директор на компанијата за луксузни стоки Louis Vuitton, Бернар Арно. Двајцата милијардери се тркаат за челната позиција од декември минатата година, но Арно сега има значителна предност пред Маск со богатство од околу 211 милијарди долари.
Најголем дел од падот на богатството на Маск се должи на одлуката да го купи Twitter за 44 милијарди долари и да застане воведе и многу други променина чело на компанијата. Освен тоа што отпушти најголем дел од вработените таму, воведе и многу други промени.Под водството на Маск, само претплатниците кои ќе плаќаат 8 долари месечно за премиум услуга ќе добијат сина значка на платформата.
(Interesting Engineering)
(фото: East Anglia Bylines)