Илон Маск ги советува корисниците на Twitter како да заработуваат пари како него

- Advertisement -

Шефот на Twitter, Илон Маск, на себеси својствен начин на корисниците на таа мрежа им откри како и тие можат да заработуваат на своите кориснички профили. Маск тоа го направи со објава на фотографија од неговиот екран на телефон си коментарот: „Замо изберете остварување заработка во поставките“.

Маск на 13 април годинава најави ребрендирани опции за супер следбениците (Super Followers) во претплатата (Subscription), која на корисниците им овозможува претплата на ексклузивни содржини од креаторите на содржини на Twitter, а според фотографијата од екранот на неговиот телефон, изгледа дека Маск има 24.700 претплатници.

- Advertisement -

Тој исто така претходно откри дека оние што ќе се претплатат на неговиот профил за 4 долари месечно ќе можат на секои неколку недели да му постават какво било прашање. Ако пресметаме, Маск од претплата за неговиот профил месечно заработува 98.800 долари.

Креаторите на содржини на Twitter можат преку претплата да им наплатуваат на следбениците на својот кориснички профил за ексклузивни содржини, вклучувајќи долги објави, долги видеа и простор само за претплатници. Претплатниците, исто така, би добиле и посебни беџови, кои моментално се голем хит на Twitter.

- Advertisement -

(Business Insider)

(фото: newsprima.it)

Сподели!
- Advertisement -