Нова кислородно-јонска батерија може да ги замени литиум-јонските

- Advertisement -

Истражувачи од Техничкиот универзитет во Виена направија кислородно-јонска батерија која би можела да се користи во големи системи за складирање енергија наместо литиум-јонските батерии.

Кислородно-јонска батерија нема густина како литиум-јонските, но затоа има некои битни предности.

- Advertisement -

За разлика од литиум-јонските батерии, капацитетот на складирање кислородно-јонска батерии не се намалува со тек на време и може да се регенерира, пишува Interesting Engineering.

Тоа значи дека батериите би можеле да бидат многу долговечни, а притоа да може да се произведуваат без користење ретки елементи и запалливи материјали.

- Advertisement -

Ова може да го смени начинот на кој се прават батерии за тие да бидат одржливи и да не и штетат на околината. За постоечките батерии потребни се ретки елементи кои тешко се ископуваат и се обработуваат без притоа да и се нанесе штета на околината. .

(Nova.rs)

Сподели!
- Advertisement -