Марс е најблиската планета до Земјата, но овие два карпести света се разликуваат максимално еден од друг, покажа нова студија базирана на сеизмички податоци од роботскиот лендер на НАСА, InSight.
Истражувањето нуди целосно разбирање на длабоката внатрешност на Марс и детали за разликите од Земјата.
Новата студија е базирана на откривањето на првите сеизмички бранови кои патуваат низ јадрото на планета која не е Земјата и покажа дека најдлабокиот слој на Марс е нешто потенок и погуст отколку што се мислеше. Исто така, даде досега најдобра проценка на составот на јадрото на Марс.
И двете планети имаат јадра кои главно се состојат од течно железо, но околу 20% од јадрото на Марс се состои од елементи полесно од железо, главно сулфур,но и кислород,јаглерод и малку водород, покажа истражувањето.
Тоа е отприлика дупло повеќе од процентот на тие елементи во јадрото на Земјата, што значи дека јадрото на Марс е малку погусто од нашата планета, иако е погусто од проценката од 2021 година базирана на друг вид податоци од сега пензионираниот InSight.
Најдлабокиот слој на Земјата и на Марс имаат различни состави. Тоа веројатно е последица на различните услови и процеси кои делувале кога се формирале планетите и материјалите од кој се направени, вели сеизмологот Џесика Ирвинг од универзитетот во Бристол, Англија, која е водител на студијата. Студијата неделава беше објавена во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences.
Оваа студија ја прецизираше и големината на јадрото на Марс и откри дека има дијаметар од 3560 до 3620 км, што е отприлика 20-50 км помалку отколку што се проценуваше претходно.
Јадрото на Марс зафаќа помал процент од обемот на планетата отколку јадрото на Земјата.
Јадрото, на пример, е клучно во создавањето на магнетното поле на Земјата кое планетата ја штити од штетното сончево и космички зрачење. На планетите и месечините како Земјата постојат силикатни карпести надворешни слоеви и метални јадра во кои доминира железото. Еден од најбитните начини на кои јадрото може да влијае е на создавањето на планетарни дини, вели Ирвинг.
Земјиното јадро го прави тоа, но јадрото на Марс не, иако го правело пред милијарди години. Јадрото на Марс веројатно нема доволно енергично,турбулентно движење, кое е потребно за создавање на такво поле, додава Ирвинг.
Марс има обем од околу 6.779 км, во споредба со обемот на Земјата од околу 12.742 км, а Земјата е речиси седум пати поголема од вкупниот волумен.
(Zimo)