Топ 5 графички дизајн трендови за 2023 година

- Advertisement -

Трендовите во секоја индустрија се менуваат од година за година. Во овој блог пост ги издвоивме најважните 5 трендови за графички дизајн за 2023 година.

Работата на графичките дизајнери можеби е многу променета во последно време, но добрата вест е дека дисциплината е барана повеќе од кога било.

- Advertisement -

Додека бизнисите се борат со предизвиците и промените во светот, добриот дизајн ќе им помогне визуелно да се истакнат, да се поврзат со својата публика и да ја создадат лојалноста на брендот што им е потребна.

Графичкиот дизајн постојано се развива и се прилагодува на променливите времиња. Како што влегуваме во 2023 година, се појавуваат нови трендови кои ќе го обликуваат начинот на кој пристапуваме кон дизајнот и визуелната комуникација.

- Advertisement -

Во продолжение, дознај кои се топ 5 трендови во полето на графички дизајн за 2023 година.

AI дизајни

Вештачката интелигенција е револуција во процесот на дизајнирање, а нејзиното влијание може да се види во зголемената употреба на дизајни кои се генерирани со нејзина помош. Со вештачката интелигенција, дизајнерите можат да креираат дизајни кои би било невозможно да се создадат рачно, а технологијата постојано се подобрува. Во 2023 година, очекувајте да видите повеќе дизајни што се создадени со вештачка интелигенција, без разлика дали тоа е преку употреба на генеративни алатки за дизајн или употреба на вештачката интелигенција за оптимизирање и подобрување на постоечките дизајни.

- Advertisement -
Апстрактен 3D дизајн

Апстрактниот 3D е дизајнерски тренд кој е фокусиран на создавање тродимензионални дизајни кои се апстрактни и експериментални по природа. Овој тренд е инспириран од разните скулптури и инсталации оживеани во дигитална форма. Оваа година, очекувајте да видите голем број на дизајнери кои користат 3D елементи за да создадат дизајни кои се привлчени, без разлика дали е преку употреба на 3D модели, анимации или виртуелна реалност.

Motion дизајн

Motion дизајнот стана една од најпопуларните нешта во графичкиот дизајн и можете да го видите насекаде. Од микро-интеракции до сложени анимации, корисничкиот интерфејс не е повеќе статична работа, бидејќи корисниците очекуваат дизајнот визуелно да „живее и дише“. Исто така, статичните слики беа логичен начин да се рекламираат компаниите многу години. Но, можноста да се направат истите да се „движат“ се смета за нешто магично. Денес, напредокот во дизајнерската технологија овозможи да се создадат висококвалитетни, подвижни слики кои можат да се користат за рекламирање.

Фотографско брендирање

Во 2023 година, трендовите на брендирање ќе се насочат кон фотографијата како поопиплив и непосреден медиум од илустрацијата, и медиум што беспрекорно се преведува во видеа за рекламни кампањи и социјални мрежи. Илустрациите уживаа огромна популарност последниве години, но во секторот за брендирање се случија многу промени и предизвици кои им наметнаа на брендовите да користат и фотографии од луѓе во своите дизајни и реклами бидејќи така корисниците се поврзуваат со пораката којашто дизајнерот сака да ја пренесе.

Креативна типогафија

Додека технолошките гиганти како Google и Spotify и модните куќи како Burberry и YSL ги поедноставија своите логоа со сан серифни фонтови во последниве години, дизајнерите на брендови и дигиталните уметници истовремено експериментираат со типографијата. За да бидте креативни во типографијата, пробувајте различни фонтови, поврзете ги со приказната и пораката којашто сакате да ја пренесете, размислете за емоциите кои ги буди тој фонт и бидете креативни во мешањето на стиловите на фонтовите.

Извор – https://media.next.edu.mk/gux-top-5-graficki-dizajn-trendovi-za-2023/

Сподели!
- Advertisement -