Истражувачи од Институтот за технологија Чемберс и од Универзитетот Фрајбург предложија интересна техника за лекување хронични рани трипати побрзо од кога било.
Здравствените состојби како што се дијабетес, рак, нарушена циркулација на крвта и повредите на рбетот може да го спречат телото природно да ги заздравува раните. Пациентите кои живеат до такви проблеми честопати имаат тешкотија со рани кои незаздравуваат.
Таквите хронични рани може да станат извор на инфекции и понекогаш може да дојде до ампутација. Во последната студија истражувачите тврдат дека можат да лечат хронични рани со помош на електрична струја, и тоа трипати побрзо од вообичаено.
Студијата се базира на фактот дека кај хроничните рани клетките од кожата се поосетливи и на електрична струја. Затоа кога ќе се стават во електрично поле клетките поверојатно ќе почнат да се движат натаму. Врз база на таа хипотеза истражувачите направиле интересен експеримент.
Тие направиле биочип од одгледани клетки со карактеристики слични на човечките клетки. Потоа избрале две клетки и направиле рани на нив. Една од клетките била ставен во електрично поле од 200mV/mm, а другата била лекувана без електрична стимулација.
Истражувачите забележале дека електрицитетот и овозможил на првата клетка да оздрави трипати побрзо од првата.
Според авторите на студијата, електричното поле дејствува како водич за клетките. Во отсуство на електрицитет клетките се движат без стапка и затоа заздравувањето е побавно. Кога има електрицитет клетките се стимулирани, се редат во еден правец и мигрираат кон оштетениот дел, а со тоа ќе помогне побрзо да се заздрави раната.
Освен тоа, не биле забележани ни нуспојави кај клетките кои биле стимулирани со струја. Истражувачите веруваат дека овој начин на лекување може пред се да им помогне на болните од дијабетес, кои глобално се соочуваат со поголем ризик од појава на хронични рани.
(Interesting Engineering)