Во текот на овој месец компанијата Henley & Partners го објави својот годишен извештај за најбогатите градови во светот. Наодите во извештајот се базирани на тоа колку брзо растела популацијата на милионери во последните 10 години во големите градови ширум светот.
New World Wealth, глобалната аналитичка компанија, собрала податоци од 97 градови во девет региони ширум светот. Во извештајот градовите се рангирани врз основа на потрошувачките навики на над 150.000 поединци со висока нето-вредност. Посебно се истакнати оние со над 10 милиони долар во инвестициски средства.
Битно е да се напомене дека извештајот на компанијата Henley & Partners превенствено е фокусиран на богатите поединци кои имаат титули на работа како што се основачи, претседатели, извршно директори и директори. Сите податоци искористени за правење на извештајот се собрани на 31 декември 2022 година.
Листата со топ 10 најбогати градови во светот изгледа вака:
1.Њујорк, Њујорк
2.Токио, Јапонија
3.Заливска област, Калифорнија
4.Лондон, Обединето Кралство
5.Сингапур, Сингапур
6.Лос Анџелес, Калифорнија
7.Хонгконг
8.Пекинг, Кина
9.Шангај, Кина
10.Сиднеј, Австралија
Њујорк се наоѓа на врвот на листата. Извештајот оркива дека од 2012 до 2022 година градот имал раст од 40% на популацијата на луѓе со високи нето-вредности. Според Henley & Partner, Њујорк е дом на 340.000 поединци вредни над 1 милион долари, 724 центимилионери и 58 милијардери. Големото јаболко е дом на најголем број индивидуални сопственици на куќи со високи нето-вредности од над 30 милиони долари.
Вториот најбогат град во светот е јапонски Токио. Овој град има популација од 290.300 луѓе со високи нето-вредности. Токио е дом на 250 центимилионери и 14 милијардери. Од 2012 до 2022 година во градот е забележан раст на населението со висока нето-вредност од 5%. И покрај тоа, во Токио има само 21% од јапонските милионери.
Калифорниската заливска област е на трето место, а во неа спаѓаат Сан Франциско и Силиконската долина. Ова подрачје е дом на 285.000 богати индивидуалци – 629 центимилионери и 63 милијардери. Ова подрачје од 2012 до 2022 година забележало раст од 68% на популацијата со висока нето-вредност.
(Bizlife)
(фото: Wikimedia)