Oд 12 мај „Кроација Ерлајнс“ ќе лета два пати неделно меѓу Скопје и Сплит

- Advertisement -

Како што беше најавено на презентацијата на новата сезонска авионска линија, „Кроација Ерлајнс“ ќе лета два пати неделно меѓу Скопје и Сплит. Полетувањето од Меѓународниот аеродром „Скопје“ ќе биде секоја среда и сабота во 05:45 часот наутро, а пристигнувањето на аеродромот во Сплит во 07:10 часот. Летовите од сплитскиот аеродром до Меѓународниот аеродром „Скопје“ ќе сообраќаат секој вторник (заминување во 22:00 часот , а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:05 часот) и секој петок (заминување од Сплит во 21:35 часот, а ќе пристигнуваат на скопскиот аеродром во 23:00 часот).

Летовите ќе бидат со авион Ербас 319 со капацитет од 144 седишта.

- Advertisement -

Повратните авиобилети за линијата Скопје – Сплит може да се купат по цени почнувајќи од 119 евра, онлајн, преку веб страницата на „Кроација Ерлајнс“ (www.croatiaairlines.com) или преку мобилната апликација.

Сподели!
- Advertisement -