ММФ предупреди на „хаотични“ корекции на цените на куќите во Европа

- Advertisement -

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во петокот предупреди на „хаотични“ корекции на цените на куќите во Европа поради високата инфлација и обидите на регулаторите да ја контролираат, пишува „CNBC“.

Во својот последен регионален извештај за економските изгледи за Европа, ММФ рече дека надолната корекција веќе е во тек на некои европски пазари на станови, но тој пад може да се забрза бидејќи централните банки дополнително ги зголемуваат каматните стапки.

- Advertisement -

„Хаотични корекции на пазарите на недвижности може да се случат дури и ако се избегнат пошироки финансиски проблеми. Во некои европски земји веќе е во тек корекција на пазарот на домување, на пример во Чешка, Данска, како и во Шведска, каде што цените на становите паднаа за повеќе од 6% во 2022-ра година“, посочуваат од фондот.

„Падот на цените на куќите може да се забрза доколку пазарите ги преоценат ризиците од инфлација и финансиските услови се заострат повеќе од очекуваното. Овие падови на цените би имале негативни ефекти врз билансите на домаќинствата и банките“, додава ММФ.

- Advertisement -

Плаќањата за хипотеки, исто така, може да се зголемат бидејќи централните банки ги зголемуваат каматните стапки во обид да ја забават инфлацијата. Како резултат на тоа, луѓето со хипотеки може да имаат помалку расположлив приход за трошење, а во некои случаи дури би можеле да достигнат точка каде што не можат да ги отплатат своите заеми. Банките, исто така, може да доживеат потешкотии во услови на неотплата.

„Емпириските модели кои ги поврзуваат цените на куќите со нивните основни двигатели укажуваат на превреднување од 15-20% во повеќето европски земји. Затоа, со оглед на тоа што стапките на хипотеките сè уште растат и реалните приходи се погодени од инфлацијата, цените на куќите неодамна се намалуваат на многу пазари“, објаснуваат од фондот.

- Advertisement -

Податоците на европската статистичка канцеларија Еуростат покажаа пад на цените на куќите за прв пат од 2015-та година. Цените на куќите во Европската унија паднаа за 1,5% во четвртиот квартал од 2022-ра година во споредба со претходниот тримесечен период.

„Општите проблеми со цените на куќите се насекаде, не само во земјите со високи долгови, и тие треба да се решат со надзор. Тие треба да се решат преку стрес тестови, тие треба да се следат многу внимателно“, изјави за „CNBC“ Алфред Камер, директор на Европскиот оддел во ММФ.

Во исто време, се наѕираат дополнителни тешкотии поради инфлацијата. ММФ очекува вкупната инфлација во еврозоната во просек да изнесува 5,3% оваа година и 2,9% следната година – над целта на Европската централна банка од 2%.

„ЕЦБ треба релативно рано да ги зголеми каматните стапки и треба да ги задржи најмалку до средината на 2024-та година. Очекуваме да се вратиме на целта за инфлација од 2 отсто во 2025-та година“, рече Камер.

(Denar.mk)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -