Ова е првиот дрвен транзистор во светот

- Advertisement -

Транзисторите, кои се измислени пред речиси сто години, некои ги сметаат за изум еднакво важен за човештвото како и телефоните, сијалиците или велосипедите. Денес тие се клучен дел од модерните електронски уреди, а се произведуваат во наноскали. Транзисторот ја регулира струјата која поминува низ него, а исто така може да функционира и како прекинувач за напојување.

Истражувачите Исак Енквист и Ван Чин Тран заедно со колеги од Кралскиот институт за технологија KTH, сега го развија првиот транзистор во светот направен од дрво.

- Advertisement -

Во претходните испитувања транзистори направени од дрво можеа да регулираат само транспорт на јони. А кога јоните ќе исчезнат, транзисторот престанува да работи. Меѓутоа, транзисторот кој го развија истражувачите од Линкопинг може континуирано да функционира и да го регулира протокот на електрична енергија без дефекти.

Истражувачите користеле балса дрво за изработка на транзисторот бидејќи користената технологија бара користење на дрво без зрна кое е целосно рамномерно структурирано.

Го отстраните лигнит, оставајќи само долги целулозни влакна со канали на местото каде што бил лигнинот. .

- Advertisement -

Тие канали потоа ги исполниле со полимери наречени PEDOT:PSS, што резултирало со дрвен материјал кој е проводник на струја. Можната примена на таквите транзистори би вклучувале регулирање на електронски машини. Една од предностите на таквите транзистори е тоа што се толку големи што ќе толерираат појака струја од обичните органски транзистори.

Студијата е објавена во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences. .

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -