Challenge Day – Освој стипендија за новата академска година во СЕДЦ

- Advertisement -

Сивус едукативен и развоен центар го организира традиционалниот  „Challenge Day“, каде најперспективните и најталентираните учесници ќе имаат можност дa добијат до 70% стипендија за академиите во различни IT области.

Настанот ќе се одржи на 06 мај, сабота, од 13 до 16 часот во просториите на едукативниот центар во Скопје и Охрид.

Пријавувањето за овој настан е бесплатно, а сите заинтересирани за учество на „Challenge Day“ треба да ја пополнат апликациската форма.

- Advertisement -

Организаторите ни пренесоа дека „СЕДЦ за овој настан обезбеди фонд од 35.000 евра и истиот ќе биде распределен помеѓу најдобрите и најталентирани учесници кои ќе го решат соодветниот предизвик.

Сhallenge Day во Охрид ќе биде тестирање за:
Академија за Програмирање – Охрид

- Advertisement -

Додека пак во Скопје Сhallenge Day ќе биде тестирање за:

Академија за Мрежи и IT Ops
-Академија за Сајбер безбедност

- Advertisement -

Академија за Мануелно тестирање на софтвер и Автоматско тестирање на софтвер
Академија за Графички дизајн
Академија за Гејм дизајн
Академија за Веб дизајн со фронт-енд
Академија за Програмирање

Академија за Data Science
Академија за Дигитален маркетинг.

Веруваме дека пристапот до квалитетно образование е вистинскиот начин да помогнеме некому трајно да ја промени и подобри својата иднина. Од тука Challenge Day за нас не е обичен ден на кој доделуваме вредносни ваучери за некоја од академиите. Тој е потсетување на нашата мисија и одговорност да менуваме животи.”- изјави Весна Иваноска, генерал менаџер на СЕДЦ.

Со цел да овозможиме едукација за секого, учеството на овој настан е бесплатно, заинтересираните треба да ја пополнат апликациската форма

Дополнителни информации во однос на овој настан може да добиете од одговорните лица на 078 341 777

Сподели!
- Advertisement -